Во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција, Минесота ги совлада Маверикс со 105:100 во Далас и намали резултатот во финалето на Западот на 3:1.

Маверикс имаа можност да ја завршат работата на домашен терен, без преголем стрес и да обезбедат пласман во големото финале. Но, конференциското финале не се добива така лесно, како што покажа Минесота, која покажа дека е жива и дека има намера да се бори.

Тимбервулвс сега имаа можност да намалат и на 3:2 бидејќи ќе бидат домаќини во петтиот натпревар.

Лука Дончиќ повторно стигна до трипл-дабл (28 поени, 15 скока и 10 асистенции), но промаши 14 од 21 обид од поле, додека Кајр Ирвинг погоди само шест од 18 обиди, мечот го заврши со 16 поени.

Кај двата тима најефикасен беше Ентони Едвардс со 29 поени. Тој имаше и 10 скока и девет асистенции. Карл Ентони Таунс одигра уште една маестрална партија со 25 поени. Дабл-дабл учинок имаше и Руди Гобер со 13 поени и 10 скока.

Петтиот натпревар на распоредот е во Минеаполис во петок.