Сопственикот на порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, Горан Михајловски објави дека на социјалните мрежи се шири лажна вест, во кока е фалсификувано логото на дигиталната редакција на СДК.

“ВНИМАНИЕ!!! ЛАЖНА ВЕСТ!!!

Со лажна вест е ФАЛСИФИКУВАНО логото на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и се ШИРИ на социјалните мрежи твит од еден од лидерите на движењето “БОЈКОТИРАМ“ со наслов што не постои на нашата платформа.

Редакција САКАМДАКАЖАМ.МК го осудува ФАЛСИФИКАТОТ и ќе ги преземе сите законски мерки за заштита и одговорност за секаков ширење на ЛАЖНИ ВЕСТИ.

Ви благодариме на довербата и поддршката во нашата борба против ЛАЖНИ ВЕСТИ и ПРОПАГАНДА.” напиша Михајловски.