Кабинетот на Претседател на РМ, пред малку објави информација дека попладне, сепак, претседателот на РМ, Ѓорге Иванов , ќе ја прими Федерика Могерини, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика. Информацијата е објавена на официјалната веб страница.
Таква средба со Јоханес Хан, засега не е најавена.
Во текот на утрото, кога веќе течеше прес конференцијата на Хан и Заев, и претходните денови кога веќе се знаеше дека гостите од ЕУ доаѓаат во Македонија, не беше најавена средба меѓу нив и Претседателот на РМ.
Соопштение на Кабинет на претседател на РМ:
Средба со г-а Федерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на ЕК | |
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 18 април 2018 година, среда, ќе ја прими г-а Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија. |