Францускиот фудбалер Рафаел Варан (31) по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер јунајтед. Клубот објави дека нема да го продолжи договорот со Варан и дека фудбалеро може веднаш да преговара со други клубови.

Во 2021 година, Варан пристигна на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид за 34 милиони фунти и во меѓувреме одигра 93 натпревари за англискиот тим.

Со Јунајтед освои еден трофеј, Лига купот во 2023 година.

„Сите во клубот му се заблагодаруваат на Рафа за неговиот придонес и му посакуваат се најдобро во иднина“, соопшти клубот.

Варан пристигна во Јунајтед по серијата големи успеси со Реал, три трофеи во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите.

Во 2018 година ја освои титулата светски шампион со Франција на Светското првенство во Русија.

Тој се повлече од репрезентацијата во февруари 2023 година.

Последниот натпревар за Јунајтед го одигра во април во поразот од Челзи 3:4, а оттогаш не игра поради повреда.