Како и секое лошо практикување на власта, така и ова нашето “ѓаволот ја однесе победата”, исто како што Заев ја донесе.

Да бидеме кратки и прецизни, со внатрепартиска дебата ќе ги анализираме грешките, и ќе изнаоѓаме решенија за истите.

СДСМ имала и ќе има квалитетни кадри кои ќе знаат да ја издигнат како феникс од моменталните пеплишта каде што се наоѓа…

Најпрво уште еднаш да се ревидираме, да се преброиме да знаеме колку сме, колку сме, толку сме, доста сме.

Еден од предлозите што се почесто се слуша меѓу членството е повикот да се вратат старите симболи на партијата, сината боја, жолтата петокрака(ѕвезда) и црвената ружа. Да се задоволат прво барањата на членството, па ќе ги слушаме барањата и на пошироката јавност.

СДСМ е партија која што има и химна со текст (за оние кои не знаат).

Актуелната химна е преработка на песна која што има музика и текст каде што пеат некои од признато најдобрите македонски грла кои сега настапуваат и за нашиот музички опонент.

“Од сите синила најсино,
Ко небо и од бури посилно,
Што сништа ми чува и навестува
И за нас има поубав ден” … И ќе има !

СДСМ била и ќе остане државотворна партијата која си ја сака државата, која застанала со високо крената глава во сите досегашни процеси во земјата.

Овој пат е најлесно да се издигнеме затоа што ја имавме најслабата кампања, со исклучок на носителот на И.Е. 4 Д-р. Венко Филипче кој позади себе имаше етаблирана ПР екипа.

Да не ги навредам некои од останатите носители на Изборни единици а и шефови на штабови,  искрено овој пат не се искористи максимумот на членството, немаше член кој што не кажа дека не добил насоки нит од општинска нит од штаб.

И затоа да не ловиме вештерки ќе се сложиме дека сите сме виновни за лошиот изборен резултат.

Да не се занимаваме со одметнатите Максовци, да не се занимаваме со прилепените и одлепените Обединети, Достоинствени и што знам кои се приврзок партии кои денес со со нас утре со нив, кај нив главната идеологија се вика личен или фамилијарен интерес.

Олеснување е трансферот од наша во нивна коалиција, и треба да ни биде ум за во иднина. Според познатата изрека поврзана со тонењето на еден брод, тие се глувците, а глушецот и нема баш некој авторитет и во животинскиот свет.

И најважно од се партијата која доаѓа на власт не е безгрешна, има ветувања кои само Дејвид Коперфилд може да ги реализира, затоа ајде уште еднаш да почнеме од почеток… За нас, за нашите деца, за нашата држава !

Hasta la vitoria siempre !

Пишува: Виктор Азманоски