СДСМ подолг период е во криза која резултираше со убедливо најслабиот резултат на Парламентарните избори. Нашата партија во изминатиот период водеше краткорочна, ден за ден политика која што предизвика долгорочна штета на партијата. Штетата и резултатот се последица на Централизираниот избор на сите органи и тела на партијата, со што се изгуби силата, моќта на Месните организаци,Извршните одбори и Општинските организации, едноставно се запостави мислењето на членството, гласот на членството или не се слушаше или беше небитен.

Позицијата на СДСМ во овој момент е многу комплексна и сложена. Партијата е пред голем предизвик да одржи Конгрес на кој што ќе се дебатира за грешките кои не доведоа до оваа ситуација, а потоа веднаш по сеопфатната дебата и нотирањето на грешките од минатото ќе влезе во нов процес каде повторно со сеопфатна дебата и слушање на гласот на секој член ќе започне градење на нов програмски, организациски и кадровски концепт за враќање на СДСМ на победничките патеки. Непходно е новиот концепт да се темели на основаната функционална структурна единица Месна органиција, неопходно е СДСМ повторно да започне да се грижи за секој член, за секој граѓанин на Република Македонија.

Другарки и другари мораме повеќе да се почитуваме едни со други, мораме да го слушаме гласот на секој член, мораме да ги почитуваме Одлуките на органите на партија, мораме да се бориме за основните социјалдемкратски вредност : СЛОБОДА, ПРАВЕДНОСТ И СОЛИДАРНОСТ, затоа што само така СДСМ ќе го вратиме на победничките патеки.

За крај ги повикувам сите членови кои што имаат визија за победнички СДСМ да се вклучат во дебата , односно во процесот да бираат и бидат избрани во телата и органите на партијата.

На СДСМ му се потребни и нови лица, а до нив можеме да дојдеме доколку сите искрено влеземе во овој процес и ги оставиме на страна личните амбиции, а започнеме дебата и изнесување аргументи внатре во телата и органите на партијата, не по социјалните мрежи и медиумите. Но да не ги заборавиме ветераните и бившите функционери.

СДСМ има еден “непријател”, да не дозволиме да се ситни членството , сите кои ја сакаме партијата треба да заборавиме на минатото и да ја побараме светлата иднина.

Само така за краток временски период ќе се консолидираме и ќе вратиме на победничките патеки.

СДСМ има од кого да учи, СДСМ има кој да ја надогради со предлози и нови идеи.

 

Пишува: Зоран Саздовски