Градски зид, позади градска болница

Од една од најдобро средени општини во државата, општина Центар со помош на градоначалникот Герасимовски успеа да се трансформира во несредена кооперација.

На социјалните мрежи се почесто деновиве се споделуваат фотографии каде што се повикува градоначалникот Герасимовски да реагира поради неговото лошо менаџирање. Забелешките на центарци се однесуваат на несобраниот смет од контењерите, и на запуштените зеленила кои што во некои делови делуваат на напуштена прашума, а некои делуваат како атомска бомба да паднала па се исушила.

Во продолжение две фотографии од кои се може да се види “успешното” менаџирање на Герасимовски кој стана попознат во изминатиот период и по издавањето на маркици за изградба на висококатници, но и по новиот прекар “Комшија” за кој ние како редакција немаме информација зошто така го нарекуваат.

Градски зид, позади градска болница
Зелен пазар