Едно дете ако се разболи, цело одделение ќе е во изолација + наставници + родители + колегите од работа на родителите. Ќе има комплетна блокада во секој сегмент.

Неколку месеци се во прашање за да си играме руски рулет. Есен и зима се секако месеци на настинки и грип.

Ќе трчаме на секоја температура да се тестираме? Не велам дека беше идеално решението да се учи како досега. Ама затоа има институции кои требаше летово да најдат решение и да смислат како од септември.

Ова не ви е добро, ама ич. Страв ме фаќа од помислата какви ќе се бројките од следниот месец. И не заборавајте, на училиште ќе тргнат и оние деца чии родители не веруваат дека постои вирусот. За вака, ич не требаше да не’ затворате дома, сиот стрес е сега џабе. Изгледа ќе биде “кој преживее, ќе раскажува”.

 

ФБ статус на Ана Бунтеска