Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои 42 за непочитување на брзината на движење, 14 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, четири мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.