Во текот на вчерашниот ден (22.02.2023) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 57 возачи. Од нив, 16 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Скопје… При контролата санкционирани се и 133 други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.