Кај 14 полицајци се добиени позитивни наоди на вирусот Ковид-19, дознава Алсат. Од нив, 8 се од единицата за брзо распоредување.
Претходно телевизијата информираше дека во изолација се ставени 103 припадници на полицијата под сомнение дека веројатно имале контакт со лица позитивни на вирусот.
Неофицијално, најголем број од изолираните се од Скопје и од Тетово, но има и од други градови.