Најчесто се потиме кога ни е премногу топло. Со потта се лади телото и се намалува зголемената температура. Многу луѓе се потат кога се нервозни бидејќи емоциите како стрес и возбуда влијаат на потните жлезди. Сепак, тоа понекогаш може да биде и засрамувачко. Со затоплувањето на времето, сигурно почесто се грижите за дамките од пот на вашата облека. Но, потењето е добро за вас, а во продолжение погледнете зошто.

1. Потењето го одржува здравјето на црниот дроб

Ако сте претерале со пиење викендов, одете во теретана и добро испотете се. Потењето му помага на црниот дроб да го ослободи вашето тело од токсини. Експертите препорачуваат редовни кардио вежби за одржување на здравјето на црниот дроб.

 2. Потењето ве одржува живи

Како што спомнавме, најчесто се потиме кога ни е топло. Човечкото тело е отпорно на многу нешта, но и тоа си има „точка на вриење“. Па, потењето го спречува тоа.

3. Потењето штити од инфекции

Знаевте ли дека 70% од бактериите кои предизвикуваат болести, како ешерихија коли, се наоѓаат во теретаната? Но, човечката пот содржи природен антибиотик кој му помага на телото да се одбрани од овие бактерии.

4. Потењето ја хидратизира кожата

Постои недоразбирање дека потењето предизвикува акни. Се разбира, ако не го чистите лицето, големи се шансите тоа навистина да ви се случи. Но, потта ги отстранува нечистотиите од кожата и ја навлажнува. Добрите масла во вашата пот се задржуваат и по туширањето, па на некој начин се природен навлажнувач.

5. Потењето ви дава повеќе енергија

Истражувањата покажале дека луѓето кои се во подобра форма се потат повеќе и подобро од другите. Причината е тоа што нивните тела се тренирани да ја регулираат температурата уште пред таа да се покачи. Ова значи дека ви е потребно помалку енергија за да се испотите.

6. Потењето ја зголемува силата

Потта содржи 99% вода и 1% сол, калиум и јаглехидрати. Натриумот од солта ја балансира водата во вашите клетки, но ако изгубите премногу ќе чувствувате замор и грчење на мускулите. Но, колку почесто и повеќе се потите, толку повеќе вашето тело „учи“ да го зачува здравиот натриум.

7. Потењето го забрзува закрепнувањето

Ако вежбате напорно и се испотите, го забрзувате и дотокот на крвта. Ова ги штити вашите мускули, ја намалува болката по напорен тренинг и помага во закрепнувањето.

8. Потењето помага да се поврзете со вашата рутина за вежбање

За многу луѓе видливото потење за време на вежбањето им дава мотивација и чувство на исполнетост. Поради ова вежбаат понапорно и се чувствуваат уште подобро.