Младиот Муцунски донел одлука да го повика амбасадорот Фрчковски ” на консултации” во земјава соопштувајќи и на јавност грст обвиненија на негова сметка со кои наговестуваат тој и неговата партија, дека амбасадорот, без да има можност да се одбрани од обвиненијата, ќе биде отповикан од функцијата.

За жал, на сите им е јасно дека надежниот Муцунски само ја задоволува суетата и желбата за одмазда на вистинскиот министер за надворешни работи од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Муцунски влегува во шемата на политичкиот реваншизам позната од времето не режимот на Груевски. Според таа шема, се казнуваат прво најпознатите и најистакнатите за пример, за да им се прати порака на другите што ги чека ако не се однесуваат целосно поданички.
Колешката на Фрчковски од Правен, а сега претседателка Дафкова, како попче ќе го потпише указот за повлекување на Фрчковски од амбасадор во ООН, и со сите непостоечки и измислени обвиненија ќе застане зад политиката на
“Моќникот” Милошоски која само ја спроведува младиот и некогаш надежен Муцунски.
Сето тоа ќе биде прогласено за “Нова надворешна политика на Македонија”.
А сите знаат дека не е.
Се е тоа веќе видено.

 

Пишува: Проф. Ѓорѓи Спасов