Оваа земја има релативно голем број празници, а дури и неколку национални денови важни за целата држава. И од сите тие празници, 8 септември, е толку ничиј што плаче да биде сечиј празник. Празник за сите граѓани. Некои од причините за тоа се:

1) Два од овие денови имаа досега пренагласен партиски третман и со тоа историски ја изгубија шансата да бидат сечиј празник. Денот на Рамковниот (13 Август ) и денот на ВМРО (23 Октомври).

2) 2 Август, иако е историски национален ден, сепак поврзувањето со еден верски празник, како Илинден, во самото негово именување е пречка да биде празник и за припадниците на другите вери.
3) 11 Октомври е оспоруван од дел од граѓаните поради комунистичкото идеолошко наследство и оспоруван историски.

4) 8 Септември е меѓународно и дипломатски етаблиран како ден на државноста на Р.С. Македонија и тоа се виде и оваа година кога честитките беа во најмал број и ниво, тие сепак беа само за овој празник.

Пишува: Рамадан Рамадани („Одзади вестите “, 10.09.2024) за Institute “Nisma”