Корисниците на Facebook ќе продолжат да бидат цел на таргетирани реклами и под новиот закон во Европа. Дури и со (General Data Protection Regulation) GDPR рекламите ќе бидат презентирани, иако има една клучна разлика при собирањето на дозволи за што се собира. Со новиот закон ниту една дозвола не смее да биде преселектирана кога ќе му биде прикажана на корисникот. Ова е најблиску што сме дошле досега до давање дозвола за нешто, наместо избор да исклучиме некоја дозвола.

Од оваа недела компанијата започнува со прибирање на дозволи за различните податоци кои ги собира Facebook од корисниците, дозволите се пред сѐ за усогласување со новиот закон. Корисниците можат да изберат за како и кој податоци ќе се користат, но целосно гаснење на таргетираните огласи нема да биде возможно, велат од Facebook.

Она што ќе биде ново се екраните за промена на приватноста. Компанијата на своите корисници ќе им испрати „договори за користење“, овој екран нема да може да се затвори без да биде затворен.

Сепак обвинувањата за продолжувања со старите пракси не застануваат тука. На пример, повторно е полесно забележливо „accept and continue“ копчето кое е сино и лесно воочливо, наместо “manage data settings” кое е бело и потешко да се забележи, вели Guardian. Дури и по продолжувањето, корисникот е испратен на друг екран каде има содржина која треба да ја прочита, пред конечно да биде однесен на екранот на кој може да ги избрише дозволите.

Интересно, една од дозволите кои Facebook започна да ги бара од корисниците е дозвола за препознавање на лик. Ова пред сѐ се однесува за корисниците во Европа и Канада, јави BBC. Facebook вели дека со ова ќе можат да ги препознаат своите корисници на сликите и на видеата, но компанаијта нема да може да ги избегне сомнежите дека имаат некаков „злобен план“.

Контроверзиите со новите дозволи веќе започнаа, а дел од здруженијата за заштита на приватност веќе започнаа да го изразуваат своето незадоволство. Можеби со право, компанијата неодамна одговарашe на прашања за скандалот со Cambridge Analytica, а 10 дена подоцна собира дозволи за поголема интрузија.

Освен можноста за препознавање на нашиот лик на сликите, Facebook вели дека промените ќе помогнат и за предлагање на пријатели. Ова секако е нормално со оглед на тоа дека ако сте сликани со некого на иста слика најверојатно се познавате.

Неодамна Facebook дозна дека ќе биде соочен со групна тужба во САД, токму заради користењето на оваа технологија. Повеќе корисници од Илиноис ја обвинија компанијата дека незаконски ги користи овие податоци.

Сепак има една добра вест. Иако сите промени со дозволите Facebook е приморан да ги прави единствено во Европа, Facebook ќе го направи и во остатокот на светот. Дали ова било план и пред скандалот, најверојатно никогаш нема да дознаеме.