Млада девојка од Мелбурн, Австралија, стана хит во светските медиуми, откако нејзината животна приказна беше прераскажана на австралиското ток шоу „Студио 10“.

Имено, „најзгодната австралиска водоинсталатерка“ Ејми Стентон се пронашла во професијата што многумина ја сметаат за „типично машка“, но неа ја прави среќна и исполнета.

– Како средношколка, јас немав никаква животна цел, и тоа ме депримираше. Се обидов со училиштето за козметичари, каде се запишаа многу мои пријатели, но не бев среќна со тоа… Кога почнав како водоинсталатерка, сите ме гледаа чудно. Но, сето тоа беше благослов. За да се докажеш себеси, мора да ги извалкаш рацете!, раскажува девојката.

Нејзина цел сега е да ги мотивира и инспирира младите кои се бараат себе си.

– Се што Ви е потребно, е позитивна мисла. Секоја лоша ситуација може на крајот да испадне добра, вели Ејми.