Никој не може да го отфрли народот! Се гледаме на 8 мај! Ќе се случи народ, напиша Адеми во објавата на Фејсбук

-Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, напиша потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми, коментирајќи ја денешната средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со еден од предводниците на коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари.

Краткиот коментар Адеми го сподели на својата фејсбук-страница, покрај фотографијата од средбата меѓу Мицкоски и Таравари.