По најавата на премиерот Зоран Заев, дека се можни предвремени избори, доколку не се постигне согласност со опозицијата околу уставните измени, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, смета дека целата работа околу Договорот со Грција ќе биде завршена на институционално ниво и дека нема да има потреба од предвремени избори.

– Без разлика на цензусот, референдумот е успешен, бидејќи „за“ гласаа повеќе од 600.000 гласачи, наспроти оние 5 проценти кои се изјаснија „против“. Тука веќе не треба да има никакви проблеми, бидејќи постојат некои работи кои треба веднаш да бидат направени, но за кои засега не сакам да зборувам. Премиерот Заев ги знае сите опции што му се отворени и сметам дека нема да дозволи да се искомплицира процесот – вели Андов.