Реал Мадрид со победата во Лајпциг зачекори во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Реал до победата дојде со брилијантниот гол на Брахим Дијаз, но играч на натпреварот беше голманот Андреј Лунин кој ја одбрани победата на „кралскиот клуб“

25-годишниот украински репрезентативец, натпреварот го заврши со девет интервенции.

Воодушевен од изданието на Луни беше тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„Лунин одигра одличен натпревар, најдобар откако сум во клубот. Тој немаше минути претходно, но сега се подобрува. Мислам дека ова ќе му ја зголеми самодовербата”, изјави Италијанецот.

Лунин одигра 17 натпревари оваа сезона и прими 13 гола. Осум пати ја сочуваше мрежата. Во кариерата бранеше и за Металист, Днипро, Зорја, Леганес, Ваљадолид и Овиедо.