Претседателот ДУИ, Али Ахмети денеска во годишното обраќање истакна дека нашата иднина е Европа и апелираше балканските земји да чекорат заедно, рамо до рамо, се до реализација на програмата за влез во Унијата.

“Нашата иднина е Европа, ние сме европејци и нема како да се двоуми Европа за членство на нашата земја, Албанија, Косово и Црна Гора, се до исполнување на стандардите и на Србија со прифаќање на најновата држава во Балканот, Косово. Сите сме европејци. Затоа апелирам, исто како што сум рекол и пред десет години, затоа што Украина не е далеку, и велам не на Русија – да на Европа, и да чекориме сите заедно, рамо до рамо, се до реализација на оваа програма„, истакна Ахмети.

Ахмети зборуваше за важноста на членството во НАТО како една од важните цели на ДУИ за обезбедување на мирот, стабилноста и нула проблеми со соседите.

„Благодарение на овој ангажман ние ја земавме одговорноста за наоѓање на решение и на спорот со Бугарија и се направи Договорот за добрососедство“, рече Ахмети.

Но според него, опозицијата прави дневни политики и свои пресметки за како да дојде до власт, но не им е на прв план членството на земјава во Европската Унија.