Апелациониот суд на 9 јули во понеделник закажа седница на која ќе ја разгледува жалбата на СЈО за предметот „Тифани” на СЈО, во кој Kривичниот суд ја осуди на условна казна новинарката од „Вечер“ и „Сител“, Ивона Талевска.

Со тројката судии ќе претседава судијката, Тања Милева.

Ивона Талевска доби условна казна од две години затвор кои нема да ги одлежи ако 4 години не стори ново кривично дело. Талевска треба да ја врати целата сума за која што беше обвинета во предметот „Тифани“.