Шпанскиот фудбалер Хектор Белерин летоска имаше шанса да го напушти Арсенал, но тренерот на екипата, Арсен Венгер успеа да го убеди да остане на „Емирати“.

Белерин се поврзуваше најмногу со премин во Барселона. Каталонците сакаа да го донесат Шпанецот, но на крајот не успеаа во тоа, сепак постои можност да се реализира тој трансфер летово, откако во Арсенал ситуацијата не е идеална и следува распад на екипата.

Англиските медиуми пишуваат дека Белерин ѝ кажал на управата дека сака летово да замине од клубот, поточно да биде на трансфр листата, а многумина веруваат дека за таков потег се одлучил, откако имал жестока караница со Венгер, а тоа го потврдува и фактот дека против Брајтон остана на клупата.

Барселона будно ја следи ситуацијата во лондоскиот тим, па не би имала ништо против да го донесе Белерин во своите редови летово.