Се уште не е официјално, но се очекува да пристигне потврда во текот на неделата.

Екипата на Борусија Дортмунд ќе остане без Петер Штогер на крајот од оваа сезона, а на негово место ќе седне поранешниот стратег на Борусија Менхенгладба и сегашен на Ница.

Славниот клуб ќе го превземе Лусијан Фавр!

Фавр ќе потпише договор со Борусија до 2020 година, а до крајот на неделата би требало да бидат откриени сите детали.

Кога во прашање е оштетата бидејќи Ница се уште има договор со Швајцарецот Французите ќе добијат три милиони евра.