Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот Македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот Македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон.

Дарио преку светската ранг листа во маратон обезбеди место во Париз., каде го завзеде 78 место (70 се пласирани со норма, а 11 преку ранкинг, благодарение на резултатите потигнати во изминатата година).

Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27).

Во изминатиов период Дарио блесна со неколку добри истрчани маратони, прво во Валенсија во почетокот на декември 2023 кога истрча одлични 2 часа 11 минути и 52 секунди, а за одбележување е оној маратон од Севиља во февруари каде постигна резултат од 2:08:26 часа, што беше покусо само за 16 секунди од Олимписката норма, и резултат кој го вивна во европскиот и светксиот крем на маратонци.

Олимпискиот маратон во Париз ќе се одржи на 10 август.