Своето гласачко право на референдумот, до 11 часот го искористиле 8,03 отсто од гласачите, по обработка на 92,06 отсто од добиените податоци, соопшти Државната изборна комисија на втората денешна прес-конференција.

Досега се доставени седум приговори до ДИК, од кои три се одбиени, додека четири се во обработка.

Во функција е телефонската линија за пријавување неправилности.

Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 13.30 часот.