Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, се наоѓа во бегство откако синоќа полицијата не успеала да го најде во неговиот дом по судска одлука да му биде доделен куќен притвор пред пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.

Денес поранешниот разузнавач и еден од обвинетите во монтираниот случај “Шпиун”, Александар Диневски на ФБ напиша свое гледиште за бегството.

“Вилма Русковска треба да биде притворена уште вечерва како соучесник. Заедно со предметот што две години го држи во фиока и ништо не презема – “Империја”!”, напиша Диневски.