Рома разочара на „Енфилд“ на првиот полуфинален дуел против Ливерпул – Римјаните загубија со 5:2 и имаат навистина тешка задача во обидот да го надоместат тој заостаток од три гола и да се пласираат во финалето.

Рома губеше со 5:0, но двата погодоци во последните десетина минути од натпреварот против Ливерпул сепак влеваат каква-таква надеж во таборот на римскиот клуб дека може да се повтори резултатот против Барселона.

„Оваа сезона правевме некои неверојатни работи во Лигата на шампионите. Исто така, тука сум во оваа емисија да ви порачам дека оваа екипа не сака да застане. Ова е патување кое што не сакаме да го завршиме“, изјави Ди Франческо за време на неговото гостување во емисијата „Ке Темпо Ке Фа“.

„Оптимист сум по природа, фудбалот е радост и мора да се живее како таков. Нема да се откажам, тоа не е во мојата природа, јас сум човк кој што сака да оди до крај“, изјави Ди Франческо.