Европските парламентарците се лути на Шпанија што како претседавач на ЕУ ја завлекува процедурата предвидена со Членот 7 од Европскиот Договор која предвидува одземање на правото на глас на една земја членка. Станува збор за Унгарија за која Европскиот парламент го активираше Членот 7 , познат уште како “нуклеарна опција” за одземање на правото на глас на Унгарија во Советот на ЕУ.

Шпанија не ја повика Унгарија да одговара за нејзините прекршувања на основните слободи според постапката со член 7, се жалат европратениците. Унгарија со години е во ќор-сокак со ЕУ поради назадување во основните начела на ЕУ какво што владеење на правото.

Додека Унгарецот Виктор Орбан продолжува да ги поткопува индивидуалните слободи додека неговата „нелиберална демократија“ станува авторитарна, ЕУ главно молчи во изминатите месеци – делумно затоа што шпанското претседателство даде приоритет на други работи, велат во ЕП.

„Ние пишуваме за да го изразиме нашето крајно разочарување поради неподготвеноста на шпанското претседателство на ЕУ да постигне напредок во постапката од член 7(1) кон Унгарија“, се вели во писмото до државниот секретар на ЕУ на Шпанија и до амбасадорот на земјата во ЕУ.

Писмото е напишано од известувачот на Зелените Гвендолин Делбос-Корфилд и ко-потпишано од известувачите на Социјалистите и Демократите, Европската народна партија, Обнови и Левица.

Парламентарците бараат од шпанското претседателство да ја стави постапката на членот 7 на Унгарија на дневен ред на следниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кој се одржува денеска во Брисел.

Целта на европратениците е и да ја блокираат Унгарија како иден претседавач на ЕУ кој според распоредот треба да го добие шестмесечниот претседавачки мандат во јули наредната година

Во меѓувреме во Брисел Тинк-тенкот близок на Орбан објави параноичен извештај во кој се тврди дека ЕУ ги „вооружила“ правата на ЛГБТК+ за да ја прогонува „националната држава“ и да тргне против интересите на земјите од Источна Европа.

Неверојатна иронија: тоа е неверојатна вежба за менување на фактите – со оглед на тоа што Будимпешта сè повеќе ги демонизира малцинските права во кампања за мобилизација на конзервативните гласачи во руралните области.

Иронично, во извештајот на овој тинк тенк не се спомнува најпознатиот унгарски анти-ЛГБТК+ активист Јожеф Сајер, поранешната десна рака на Орбан во Брисел, кој беше фатен на оргија со голи мажи и дроги за време на карантините во екот на пандемијата.

 

Борјан Јовановски