Поради врнежи од снег утрово е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Како што соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија, забраната е воведена во 8:50 часот, односно во 9:15 часот.