Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат заштитни столпчиња на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар. Со поставените столпчиња, велат од Град Скопје, се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег.

„Со уредувањето на овој простор, ќе се реши долгодишниот проблем со хаосот на овој потег кај Бит-пазар и ќе се овозможи нормалното одвивање на сообраќајот за сите учесници – пешаците, велосипедистите и возачите“, велат од Град Скопје.