Седмоодделенците во Македонија, на часовите по информатика користат учебник издаден во 2009 година. Учебникот е комплетно нефункционален затоа што содржината не кореспондира со она што го налагаат современите текови во таа област.

Во Министерството за образование и наука со одговор дека се подготвува нова програма и нов учебник дури следната година.

„Учебникот по предметот информатика за седмо одделение кој се користи во моментов е издаден во 2009 година. Бирото за развој на образованието најави и ќе изготви нов наставен план и нова наставна програма кои ќе се применуваат од следната учебна 2019/2020 година. Врз основа на новата наставна програма, Педагошката служба ќе изготви и нов учебник. Исто така и по предметот програмирање во средното образование, ќе биде изготвен нов учебник откако Центарот за стручно образование и обука ќе изготви и ќе биде усвоен нов наставен план и програма“, велат од МОН.

Во средните стручни училишта проблемот со недостиг, но и со неквалитетно напишани учебници е најизразен. Стручното образование секоја година запишува далеку помал број ученици споредено со гимназиите, а малиот тираж, како што велат од министерството, не е доволна мотивација за професорите да напишат учебници. Таму се учи од стари учебници, а само еден од проблемите е тоа што не се учи програмирање од помагало старо осум години, зашто за тој период многу работи во дигиталните технологии се напреднати.

И во основното и во средното образование се` уште се чека да стасаат учебници кои се нарачани. Учебник по информатика нема ниту за шесто одделение, иако има нова наставна програма.