Во текот на денешниот ден ќе се одржи првата средба помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

На средбата ќе се разговара за актуелната политичка и економска состојба, најави Мицкоски. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има свои факти и аргументи за подобрување на животот на граѓаните и тие ќе ги презентира на средбата.

На средбата, најверојатно законот за употреба на јазиците нема да биде тема на разговор.