Клубовите од Ла Лига ќе им се вратат на тренинзите оваа недела кога шпанската влада даде дозвола по неколку недели стриктно ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот.

Фудбалерите во двете професионални шпански лиги ќе може да тренираат сами во клупските центри откако ќе бидат тестирани на Ковид-19 од страна на клубовите давајќи надеж дека барем во Шпанија набргу ќе гледаме фудбал. Ла Лига објави дека враќањето на потполни тренинзи се очекува во период на четири недели.

 

„Кризата имаше огромно влијание врз сите нас, но враќањето на фудбалот е знак дека општеството оди кон нова нормална ситуација. Ќе се врати дел од животот кој луѓето во Шпанија и целиот свет го познаваат и го сакаат. Здравјето ќе остане прв приоритет“, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Сличен процес на враќање на тренинзите има и во германската Бундеслига, англиската Премиер лига и италијанската Серија А, но лигите во Холандија и Франција веќе се откажани поради коронавирусот.