Кожата е нашиот најголем орган и ни покажува кога нешто не е во ред со телото. Тоа важи посебно за лицето.
Според кинеската медицина секој дел од лицето ни открива одреден органи со мозолчиња, осип и промена на бојата на кожата ни кажува дека е некаде е нарушен здравствениот баланс.
Чело: мочниот меур и тенкото црево
Причина: прекумерна потрошувачка на масти и конзервирана храна, која
го забавува метаболизмот. Покрај тоа, потрошувачката на шеќер, алкохол, како резултат на бурен ноќен живот и стрес.
Третман: сирова храна, многу вода, малку алкохол и многу спиење.

Помеѓу веѓите: црниот дроб
Причина: Стомакот не се одмора доволно, јадете многу месо или можеби сте
алергични на некоја храна.
Третман: свежа и здрава храна, свеж воздух, јога, спорт,
медитација.

Над веѓите: бубрези
Причина: алкохол, цигари, слаба циркулација на крвта и слабо срце.
Третман: помалку кофеин, засладени пијалаци и алкохол, наместо тоа,
многу вода.

Нос: срце
Причина: гасови, отечен стомак, нечист воздух, слаба циркулација на крвта, можеби висок крвен притисок.
Третман: Проверете го нивото на лошиот холестерол и прилагодете го крвниот притисок, спорт. Покрај тоа, за чистење, пијте зелен чај.

Горниот дел од образот: белите дробови
Причина: цигари, загаден воздух и астма. Други симптоми може да бидат
темните кругови околу очите.
Третман: престанете со пушењето. Движете се, најдобро на отворено.

Образи: белите дробови и бубрезите
Причина: лоша храна и прекумерна потрошувачка на шеќер, цигари и стрес.
Третман: користете само висококвалитетна козметика и јадете здрава храна.

Усни и брада: стомакот
Причина: шеќер, мрсна храна, кофеин, алкохол. Освен тоа, овој дел е
чувствителен на стрес и недостаток на спиење.
Третман: Повеќе овошје и добра храна.

Челуст и врат: хормони
Причина: недоволна вода, премногу сол и зачинета храна, како и кофеин.
Третман: да пиете многу вода, да ја намалите зачинета храна, сол и кофеин.