Според италијанскиот весник „Ла Република“, Ромелу Лукаку му се извинил на својот клуб Интер по навестувањето дека клубот не направил доволно за да ги заштити од коронавирусот.
Вчера, Лукаку во интервју со сопругата на Дрис Мертенс, Кат Керкхофс, изјави дека верува оти 23 од 25 фудбалери на Интер биле болни од коронавирусот во јануари, но дека не биле тестирани и покрај тоа што Милано беше еден од градовите што беа најпогодени од пандемијата.
И покрај прекршувањето на етичкиот код на Интер, се верува дека Лукаку, стрелецот на 23 гола во 35 настапи оваа сеозна, нема да биде казнет.