Манчестер Сити доби сериозна казна од 50 илјади фунти, откако дисциплинската комисија на ФА одлучи дека однесувањето на „граѓаните“ за време на средбата со Виган од петтиот круг на ФА Купот на Англија е неприфатливо.

Играчите на Пеп Гвардиола го опколија судијата и бурно протестираа на контроверзниот црвен картон на Фабијан Делф за влегување во нозете на Макс Пауер.

Менаџерот Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро, пак, беа ослободени од одговорност и избегнаа казни, откако раководните фактори решија дека нема податоци кои покажуваат за повреда на правилата, а аргентинскиот голгетер докажа дека бил предизвикан при конфронтацијата со фан на домаќините од Виган.