Стрелецот на победничкиот погодок за Манчестер Јунајтед во синоќешниот триумф над Кристал Палас (3:2), Немања Матиќ, рече дека не е важно кој и каков гол ќе даде, туку тимот да победува и да освојува бодови.

– Голот навистина беше убав, но најважно е тоа што освоивме три бода на ваков тежок терен. Против Кристал Палас секогаш е тешко да се игра, посебно пред нивната публика која е одлична. Задоволни сме од победата, а таа е повредна ако се знае дека е постигната со пресврт по водство на противникот со 2:0, изјави Матиќ

Тој очекува до крајот на сезоната со конкурентите да се води неизвесна битка за пласман во Лигата на шампионите.

– Секој бод е важен. Ќе биде многу тешко на екипите кои претендираат за Лигата на шампионите следната сезона. Затоа е многу значајно на вакви натпревари да освојуваме бодови, нагласи српскиот интернационалец.

Манчестер Јунајтед со трите освоени бода се врати на второто место во Премиер лигата.