Министерството за внатрешни работи објави видео од синоќешните протести за името, кои завршија со насилство.

МВР претходно денеска соопшти дека привело 26 демонстранти. На синоќешниот протест полицијата употреби солзавец и повеќе шок-бомби за растерување на толпата. Демонстрантите, за кои МВР тврди дека демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, реагираа дека полицијата употребила прекумерна сила.