Фудбалерот на Барселона Лионел Меси на Аргентина ѝ донирал 500.000 евра за борбата против коронавирусот. Аргентинските медиуми пишуваат дека најдобриот играч во светот парите ги насочил кон фондацијата Гарахан која ќе набави медицинска опрема, а потоа истата ќе ја донира низ здравствените установи во државата.

Од почетокот на пандемијата во Аргентина се регистрирани 6.278 заразени со коронавирусот. Од вирусот починале 314 лица.

Меси претходно, заедно со соиграчите од Барселона, се согласи платата да му биде намалена за 70 отсто за да му помогне на клубот полесно да ги преброди финансиските последици кои ги предизвика коронавирусот.