Меѓународен аматерски филмски фестивал се одржа денеска во Кавадарци, во организација на Советот за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД, заедно со нивните проект партнери од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија, Бугарија, Чешка и од Австрија.

Филмскиот фестивал на кратки аматерски филмови, како што информираа организаторите, е дел од проектот “It’s Time”, кој е поддржан од Ерасмус + програмата.

Беа презентирани кратки клипови од сите овие земји на тема родова рамноправност, а имаше и промоција на песните со нивните спотови кои се изработени од млади од сите овие земји.

Фестивалот се реализираше во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.