Секунди ја делеа репрезентацијата до 21 година од реми против фаворитот Русија. Во последните секунди ударот на Бакалев од дваесетина метри заврши во нашиот гол за конечни 3-4. Селекторот, Благоја Милевски им честиташе на своите момци за храбрата игра, потенцирајќи дека желбата за гол повеќе на крајот не одалечи од бод против „зборнаја“.

„Честитки за Русија..Големи честитки за моите фудбалери кои покажаа карактер и го вратија духот кој го немаше. Секоја чест за одиграниот меч особено во второто полувреме. Ова е тоа што го барав од нив. И ова е таа реакција на терен, вака треба да се игра за националниот тим. Лично сум тажен, лут, незрвозен. Имавме желба да победиме, сакавме гол повеќе и затоа на крајот изгледаше толку хаотично” изјави селекторот.“, рече Милевски по мечот.