Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура за ратификација пред пратениците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува истиот да биде ратификуван до крајот на неделата.

За да законот го помине филтерот за ратификација треба да има мнозинство од 61 пратеник. Предлог – законот за ратификација доби европско знаменце, со тоа, ќе се ограничат дискусиите, па по гласањето,  ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања каде претседател е Артан Груби.

Додека трае процесот на разгледување и гласање, пред Собранието се најавени нови протести против договорот кои го постигнаа Македонија и Грција. Учесниците на вчерашниот протест, рекоа дека денес со почетокот на седницата, ќе започнат со протест во мирна атмосфера.