На Ирецот и официјално ќе му биде одземен шампионскиот појас и титулата во лесна категорија на датумот на одржување на UFC 223.

„Кога ќе падне првиот удар, тоа е борба за вистинскиот појас, и тоа е најчесното нешто што можеме да го направиме. Двајцата натпреварувачи се изборија за своите позиции како прв и втор предизвикувач, тие ја заслужија нивната шанса. Ова е добра вест за фановите кои постојано ме прашуваа каков е планот. Ова е пред сѐ вистински спорт. Луѓе си одат, заработуваат пари и продолжуваат по својот пат, тоа се случува. Конор (Мекгрегор) го сака и шампионскиот појас и статусот на првак, но не сака да ги брани во рингот. Би сакал да го видам во следниот негов настап на UFC во рингот против победникот од дуелот помеѓу Фергусон и Нурмагомедов“, рече Вајт.

Ова е првпат Дејна Вајт да признае дека ќе му го одземе појасот на Мекгрегор без борба, откако претходно многупати одбиваше да даде директен одговор по ова прашање.

Сепак, UFC не може да си дозволи да има двајца прваци во истата категорија, па затоа ова изгледа како единствената опција. Претседателот на UFC се надева дека Конор Мекгрегор сепак ќе се реши за враќање во рингот и ќе се бори повторно за шампионскиот појас.