Здружението за заштита на граѓанските права „Но Пасаран“ најави дека во 12.30 часот пред Врховниот суд во Скопје ќе одржи мирен протест против „криминалното и корумпирано судство“.

Здружението „Но Пасаран“ пред судот јавно ќе ги прочита имињата на 44 судии од Основен суд 2 и Апелација кои спротивно на Законот воделе судски постапки и носеле решенија со кои ги оштетиле граѓаните. На протестот ќе бидат побарани оставки од одговорните лица и прием во Врховен суд.