Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на 20-ти мај во Сараево ќе одржи голем предизборен митинг, пишуваат турските медиуми.

Според нивните извори, Ердоган ќе се состане со 10.000 турски државјани кои живеат во Босна и Херцеговина и кои ќе пристигнат и од други европски земји.

Ердоган првично планирал митинг во Германија со оглед на тоа дека таму живеат најголем број турски државјани, од сите земји во Европа, но не добил дозвола, а истото го доживеал и во Австрија, по што било одлучено предизборниот собир да се одржи во Сараево.