НФЛ ја тресе голем секс скандал во кој е вклучена екипата на Вашингтон Редскинс.

Имено од екипата ги терале своите мажоретки да се фотографираат полуголи и да бидат службени придружнички на спонзорите за време на нивниот пат во Костарика, 2013 година.

Оваа афера, стара пет години ја објави „Њујорк Тајма“ кој има и изјава од мажоретки кои тогаш морале да позират без градидник за време на фото-сесијата за календарот и тоа пред спонзорите кои биле сите од машки пол.

Исто така, „Тајмс“ наведува дека водачот на тогашниот пат им рекол на 9 од 36 мажоретки дека се избрани да бидат приватна придружба на спонзорите во еден ноќен клуб.

Стефани Џорџкиан, директорката на мажореткит истакнала дека никој не ги терал од клубот да се сликаат така, туку тие самите барале. Од Редскинс на јавноста со обратија дека нивните девојки се заштитени, но аферата веќе е отворена.