Вчера околу 12.00 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво во банка на ул. „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Сторител со закана со пиштол од вработените одзел околу 1.300.000 денари, по што со возило побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.