Нормално после осум години на власт на луѓето да им станеме досадни, но трендовите се промените и ВМРО-ДПМНЕ не е во големо водство, рече синоќа кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. Тој се осврна и на уставните промени и надворешната политика.

“Ако успеат, како што велат, да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија и да ги натераат Бугарите да го признаат македонско малцинство во Бугарија, јас ќе бидат првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Пендаровски пред делегатите.