“Со положување венец со свежо цвеќе одбележуваме 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја.

Да ја паметиме неговата жртва и да бидеме горди на неговата храброст и пожртвуваност. Слава му!” објави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.