Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ“, напиша таа.

Уверена е дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. И честита на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.